Австриската полиција уапси четири Срби и еден Македонец во Виена и заплени 2,5 килорами хероин и 20 килограми марихуана. Вредноста на запленетата дрога се проценува на околу 350.000 евра.
Четворицата уапсни се спроведени во притвор.
Дваесет и седумгодишен Србин и шест години постар од него државјанин на Македонија уапсени се на 15 јуни. Тие изнајмиле деловен простор во Вахринг и од таму продавале дрога. Полицијата при претресот пронашла 20 килограми марихуана.
Втората група во која се тројца Срби на возраст од 34, 35 и 39 години, корестела стан во Херналс кој зивесно време бил под присмотра на службеници од групата за борба против уличниот криминал.
Во нивниот стан полицијата пронашла 18.000 евра, 760 грама хероин и близу 3 килограми кокаин чија продажна вредност е околу 154.000 евра.
Истрагата е во тек.







