Навивач на виенски Рапид осуден е на 18 месеци строг затвор поради нацистички поздрав на фудбалски натпревар во главниот град на Австрија.
Триесет и деветгодишниот маж веднаш после тој настан што се случил на 13 август 2016 година, на средбата меѓу Рапид и Моединг, добил забрана за пристап до стадионот.
Навивачот со истетовиран број „88“ што е код за „Хајл Хитлер“, во 2013 година веќе бил осуден за слична работа. Тој на Фејсбук на Хитлер му посакал „среќен роденден“.
На судењето во Виена што се одржа вчера негирал дека сакал да направи политички гест на натпреварот но не успеал ги убеди поротниците за намерата.
Австрискиот закон донесен во 1947 година против какво било дејствување или говор инспириран од национализам е еден од најстрогите во Европа.







