Автомобил се запали во центарот на Скопје

Возило се запали на булеварот „ВМРО“ спроти „Македонска пошта“.

Засега нема информации како се запалило возилото и дали има повредени лица.

Командантот на Теиторијалната противпожарна бригада на Град Скопје,
Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот е изгаснат, а на терен биле испратени две возила и осум пожарникари.

Пожарот е пријавен во ТППЕ во 13:32 часот.