Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Адеми: Нема потреба од штрајк, подготвени сме за разговори со СОНК
Економија

Адеми: Нема потреба од штрајк, подготвени сме за разговори со СОНК

август 27, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за образование и наука Арбер Адеми смета дека нема причина во понеделник на 2 септември да се одрижи најавениот предупредувачки штрајк на СОНК и вели дека би сакал синикатот да се откаже од намерата.

– Би сакал да се откажат од најавениот предупредувачки штрајк, бидејќи навистина нема причина за тоа. Штрајк се организира кога нема решение, а ние нудиме решение – зголемување на платата за пет проценти во 2018 година и пет проценти 2019 година. Ќе има и идно покачување на платите во дејноста образование, но колку ќе биде и од кога не можам сега да кажам, бидејќи ги немаме разгледано сите параметри и ја немаме јасната слика од обврските што сме ги презеле како држава за следната година.

Кога ќе бидат јасни податоците тогаш благовемено ќе излеземе и ќе кажеме колкаво ќе биде следното покачување на платите, изјави министерот Адеми, одговарајќи на прашање пред почетокот на конференцијата „Реформа на техничкото образование во стручните училишта во Република Северна Македонија“.

Тој посочи дека платите во средното и основното образование во изминатата година се покачени за 10,8 проценти, а после неколку години прват годинава се покачуваат и платите во високото образование и во науката.

-Не би сакал да има ни предупредувачки штрајк во понеделник, имајќи предвид дека тоа ќе биде првиот ден на образовната кариера на првачињата кои на свечен начин на тој ден го почнуваат нивниот нов живот. Да не им го упропастиме тој ден, бидејќи навистина нема причина за тоа и веќе сме покажале дека сме на иста страна со СОНК и имаме заедничка цел – подобрување на статусот на вработените во образовната дејност. Велиме ќе седнеме ќе преговараме и заедно ќе ги разгледаме сите параметри и ќе одлучиме за идното покачување на платите. Има волја од страна на Владата да продолжиме со тој тренд и за идно покачување на
платите. Затоа нема потреба да се организира било каков штрајк, рече Адеми.

Појасни дека во петокот учествувал на седницата на Советот на СОНК и го пренел ставот на Владата дека нејзини приоритет е подобрување на статусот на сите вработени во секторот образование. Нагласи дека и вчера телефонски контактирал со претседателот на СОНК Јаким Неделковски и најави дека и неделава ќе има нова средба.

-Имаме добри релации и солиден социјален дијалог. СОНК е запознаен со секој наш чекор што сме го направиле последниве 14 месеци.

Контактирани се пред време и за законските решенија, барајќи од нив  предлози и коментари кои сме ги добиле и повеќе од нив сме ги инкорпорирале во законите, но и во делот на платите. Имаме заедничка цел и треба да седнеме заедно и на конструктивен начин да одлучиме колку се можностите. Ајде да преговараме дали можеме или не можеме да ја покачиме платата. Ние велиме можеме, а колку ќе биде тоа идно покачување на платите зависи од параметрите. Да ги разгледаме заедно и
да одлучиме заедно, бидејќи ни е заеднички приоритет и цел подобрувањето на статусот на вработентие во секторот образование, порача Адеми.

актуелно разговори СОНК штрајк
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.