Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Адолесцентите стануваат сѐ поагресивни
Во Фокусот

Адолесцентите стануваат сѐ поагресивни

август 17, 2019Updated:август 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од мало и мирно детенце, одеднаш родителите гледаат пред себе млад бунтовен човек со кога тешко можат да се справат.

Бунтовноста во пубертетот се смета како нормална појава.

Но, според експертите, она што загрижува е тоа што насилноста на адолесцентите во последниве години е сѐ поизразена и се повеќе ги загрижува оние кои живеат со тинејџери.

Пубертетот е период кога детето физички и психички се менува и прераснува во возрасна личност.

Овој процес најчесто се одвива од 12 до 18 години.

Она што најмногу ги загрижува родителите е психолошката трансформација на нивното дете.

„Загрижувачки е што младите стануваат сѐ понасилни и побрутални и што агресивноста најчесто се манифестира во групата на врсници, по училишта, кафулињата, на улици и натпревари. Внатре, во самата категорија на агресивност можно е да се разликуваат различни видови агресивно однесување. Директната агресија се покажува кон личност која го предизвикала агресивното однесување, а манифестната агресија се насочува кон т.н. заменски цели. Позната е и поделбата на агресијата на емотивна (импулсивна, експресивна, хостилна), која е мотивирана од
силни емотивни возбудувања, а е насочена на нанесување на штета и повреда на друга личност. Со овој вид на агресија треба да се оствари некоја посакувана цел, на пример, поседување на некаков предмет. Во овој случај агресивното однесување е само инструмент (средство) за постигнување на таа цел“, објаснува психологот Милка Ололоска.

Најважна е ситуацијата во семејството

Според начинот на изразување, агресијата може да биде вербална и физичка.

Самата адолесценција е период во кој се јавува непријателско однесување, отворена агресија кон родителите и авторитетите.

„Сето ова е во насока, адолесцентот да се ослободи од различните видови на фантазија во односот кон нив. Адолесценцијата е период на криза и бунтовништво, период на проценка на носење одлуки и преземање одговорност во процесот на созревањето“, вели таа.

Според неа, причините за настанување на агресивноста се многубројни и тешко е точно да се одреди етиопатогенезата (причините) за настанување на агресивното однесување кај адолесцентите.

„Најважна е ситуацијата во семејството, односно каков е воспитниот стил на родителите. Ако тој е казнувачки, полн со забрани и критики, ако родителите агресивно се однесуваат или ги злоставуваат, децата ќе го усвојат нивниот модел на однесување и ќе го потиснат чувството на страв, болка и понижување, па така, и тие самите ќе развијат агресивно однесување. Учењето на агресивното однесување, опасностите и секојдневната фрустрација ја зголемува можноста за агресивно реагирање на младите“, вели Ололоска.

За насилното однесување на адолесцентите виновни и медиумите

За насилното однесување на адолесцентите своја улога имаат и медиумите.

Психологот Ололовска вели дека, неконтролираното влијание на медиумите предизвикуваат кај насилните млади да се намали чувството на емпатија, односно сочувство со оние млади кои се нашле во улога на жртви.

„Современиот стил на живеење, неквалитетното и кратко време минато со родителите, па дури и неквалитетната исхрана со која доаѓа до растење на адреналинот, сѐ заедно, влијае врз развојот на агресивноста. Во адолесценцијата, нестабилните адолесценти, дестабилизирани од адолесцентните случувања во нив самите или дестабилизирани заради конфликтите со околината и другите, по правило чувствуваат недостаток на сигурност, самодоверба, самопочитување и инфериорност. Незадоволни се, често напнати, пречувствителни и многу ранливи. Неподнесувањето на тие состојби и доживувања предизвикува импулсивно рагирање и однесување, бунтовност, насилство и агресивност. Некои адолесценти од чувството на депресивност, безпомошност која им е неподнослива се бранат со разни форми на проблематично однесување. Што се однесува до групата на врсници, индивидуалното чувство на немоќ се заменува со чувство на сила и моќ на групата, особено ако групата е
многу насилна. Младите се ретко индивидуално насилни. Агресивноста на јавно место е во група на врсници“, потенцира нашата соговорничка.

Негативните изјави да се заменат со позитивни

Ололоска потенцира дека адолесцентната агресивност мора да ја разбереме на комплексен начин.

„Родителите треба да научат да ги заменуваат негативните изјави како наредби и закани насочени кон децата со позитивни изјави. Во примената на казните заради одржување на дисциплината, а не заради казни, родителите мора да бидат доследни. Со адолесцентите треба да се разговара и кога со нив разговарате треба да ги третирате како рамни на себе. Со јакнење на емпатијата (сочувствување) подучување и почитување во емотивните реакции и со други психолошки техники може да се делува  врз одржување на контролата на агресивното однесување. Постапувањето
со агресивната личност бара трпеливост и истрајност. Улогата на родителите е и во раното детектирање на потенцијалните форми на агресивно однесување и кон нив правилно и сензибилно однесување. Родителите, стручните лица, наставниците, заедно можат да придонесат во откривањето на причините за агресивно однесување и во нивно санирање“, вели Ололоска.

Таа објаснува дека пристапот кон овој проблем бара мултидисциплинарност.

Според неа, младите низ постојана едукација, низ едукативни работилници треба да се едуцираат како да се стекнат со нови вештини, како што е на пример агресивното однесување сосема спротивно на агресивното.

„Потребно е да се стимулираат кон спортски активности, креативни изразувања. Проблемот така генерално можеби нема да се реши, но барем ќе се намали“, заклучува Ололоска.

Минатата година регистриран рекорден број на инциденти сторени од
омраза

Хелсиншкиот комитет во текот на 2018 година регистрирал рекорден број на инциденти сторени од омраза, а ваквиот тренд продолжува и во 2019 година, каде што заклучно со јуни, евидентирани се вкупно 109 случаи.

„Бројот на инциденти извршени по основ на етничка припадност е алармантен и достигнува 64 процентиод сите регистрирани инциденти, а најзагрижувачки е податокот дека огромно мнозинство на жртви и сторители се млади лица“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Оттаму потенцираат дека делата од омраза не се случуваат во вакуум, тие се насилна манифестација на предрасуди која понатаму продира во пошироката заедница.

Поради тоа, неопходно е да се зајакнат превентивните мерки, меѓу другото, со преземање чекори за едукација на јавноста за вредностите на културната разновидност и инклузија, со посебен фокус на децата и младите луѓе.

МИА

агресивни Адолесценти актуелно
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.