Академија Пандев поуспешна од Берое

LinkSense.mk

Екипата на Академија Пандев оствари победа од 2:0 против бугарски Берое на вториот контролен натпревар во подготвителниот период.

Стрелци на головите за струмичани беа Љупче Дориев и Томче Илиев.

Во прво полувреме за Академија Пандев настапија: Денковски (Чубраковиќ), Димов (Иванов), Атанаскоски, Костов, Јованов, Томовски, Стојкоски, Стоилов, Дориев, Миловановиќ, Пандев. Во вторите 45 минути играа: Чубраковиќ (Алчевски), Иванов, Костов, Маневски, Илиев, Томовски (Дончев), Темелков, Ивановски, Крстовски, Велиновски, Скендери.

Следната контролна средба за струмичкиот прволигаш е в понеделник против Славија Софија.