Активни 1.994 ковид случаи, најмногу во Скопје и Тетово

Во очекување на стапувањето во сила на новите рестриктивни мерки кон средината на месецов, бројот на заболени од Ковид-19 секојдневно расте.

Од направени 6.383 тестирања, регистрирани се 398 нови случаи, има 18 оздравени пациенти, а четворица починаа.

Со ова вкупниот број активни случаи достигна 1.994 од кои најголем број има во Скопје 603 и во Тетово 572, а потоа следат Гостивар со 221, Куманово со 145, Кичево со 73, Струмица со 59, Битола со 57, Дебар со 46, Охрид со 40.

Одлуката за воведувањето на новите рестриктивни мерки ја донесе Владата на завчерашната седница со цел да се спречи ширењето на новиот делта сој на корона вирус и забрзано да не се полнат болниците низ земјава.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 158.025 бројот на оздравени пациенти е 150.524, а на починати е 5.507.

 

 

(Фото: МИА)