Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Активни 2 585 ковид случаи, 66 проценти од нив во пет града
Во Фокусот

Активни 2 585 ковид случаи, 66 проценти од нив во пет града

октомври 4, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со нови рекордни 243 заразени за 24 часа, според статистиката што ја објави вчера Министерството за здравство, вкупната бројка на активни случаи на КОВИД-19 во земјава за само два дена се зголеми речиси за една петтина, достигнувајќи 2 585.

Над 66 проценти од активните случаи се во пет града и тоа во Скопје–891, Куманово–186, Кочани–183, Струмица–178, Тетово–149 и Прилеп–134.

Министерството за здравство најави дека викендов детално ќе се анализираат епидемиолошките податоци од прашалниците и врз основа на добиените податоци ќе се заземе став дали се потребни мерки и следни чекори кои ќе бидат препорачани до Владата.

Најмалку активни случаи имаат Дојран–8, Гевгелија–7, Македонски Брод и Ресен со по 6, Пехчево–4, Кичево–3, Демир Хисар и Кратово со по два и Крушево со еден активен.

Во Скопје најмногу активни случаи има Аеродром–144, потоа следат Центар–142, Карпош–129, Кисела Вода–104 и Гази Баба–102.

Најмалку имаат Сопиште и Зелениково со двајца и тројца активни случаи, по што следат Арачиново, Петровец и Чучер Сандево со по шест, Студеничани со седум, Сарај –15, Шуто Оризари-18, Бутел–32, Илинден–35, Ѓорче Петров–64 и Чаир–65 активни случаи.

Здравствените власти инсистираат на строго почитување на мерките за заштита–носење маска и држење социјална дистанца, бидејќи, како што велат, ќе мора да научиме да живееме со вирусот.

Но, од друга страна, директорот на Пазарна инспекција, Стојко Пауновски, вели дека одредена група угостители на големо ги имаат пречекорено мерките за заштита од Ковид-19 и најавува уште позасилени контроли низ цела држава.

Во изминатите 24 часа оздравени се 100 лица, а починати се четири пациенти, и тоа еден 65-годишен пациент од Прилеп и еден 82-годишен од Битола, како и двајца на 72 и 80-годишна возраст од Куманово.

На болничко лекување се вкупно 364 пациенти.

На Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани 78, од кои на кислородна
поддршка се 47 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 33 пациенти, од кои на респиратор се три пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се едно дете и мајка позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип 43 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Од почетокот на епидемијата во нашата земја направени се вкупно 193 652 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани изнесува 18 602, оздравени пациенти се 15 264 и 752 се починати.

актуелно ковид случаи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.