Акциска контрола во Ченто, санкционирани 217 возачи

Полицијата во акциска контрола во скопската населба Ченто вчера санкционира 217 возачи.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за управување без возачка дозвола санкционирани се 35 возачи, за возење со поголема брзина од дозволеното- 32, за непрописно вградени фолии 15, за зборување на мобилен телефон14, некористење сигурносен појас 14, нерегистрирани возила осум возачи итн.

Во соопштението наведуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.