Акција „ПУСТИНСКО СВЕТЛО“: Падна „супер картелот“ кој контролира дури третина од кокаинот во Европа

LinkSense.mk

Полициите на бројни европски земји и Обединетите Арапски Емирати од 8 до 19 ноември спроведоа голема меѓународна акција во која беше разбиен голем наркокартел.

За важноста и значењето на операцијата доволно говори фактот дека се уапсени 49 лица кои го сочинуваа „супер-картелот“. Тие, наводно, контролирале дури една третина од пазарот на кокаин во Европа.

Откриени се контролни центри како и друга логистичка инфраструктура за транспорт на дрога низ Европа.

Европол, кој ја помагаше операцијата „Пустинска светлина“, објави дека овие апсења се кулминација на интензивните акции спроведени во Холандија, Шпанија, Франција, Белгија и Емиратите.

Запленетите работи се огромни, откриени се повеќе од 30 тони дрога.

Објавено е и видео од операцијата „Пустинска светлина“.

Акцијата на полицијата во Шпанија резултираше со 13 апсења, во Холандија се уапсени 10 лица, а во Франција шест. Патем уапсени се шест криминалци од голем калибар, Арапи, високо позиционирани членови на криминалната организација.

                                                              Мрежа за дистрибуција на кокаин (Европол)

Европол истакна дека за време на операцијата им пружал разузнавачки информации на земјите вклучени во операцијата, а во текот на двете години додека се подготвувала операцијата биле одржани повеќе од десет оперативни состаноци. Примарната цел била да се соберат сите информации за мрежата.

Главните осомничени користеле шифрирани пораки за да организираат транспорт на дрога, но полицијата успеала да ги идентификува.

„Со оваа акција им испративме порака на наркотрговците дека никаде нема да бидат безбедни“, заклучува Европол, нагласувајќи ја исклучително добрата соработка со Емиратите.

Во акцијата учествувале повеќе од 250 полицајци, а седиштето на операцијата било во Холандија.