Алармантно предупредување: Милиони Американци ќе останат без пари!?

LinkSense.mk

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, предупредува дека Америка ќе ја погоди „економска катастрофа“ ако не се одреди горната граница на долгот. Неуспехот на Конгресот да ја погидне границата на долгот, вели таа, ќе ги „турне“ Соединетите Американски Држави во голема финансиска криза.

Наскоро можеме да се соочиме со економска катастрофа“, напиша Јелен во текст објавен во весникот „Волстрит журнал“.

За неколку денови милиони Американсцо можат да бидат без пари. Би можеле да бидеме сведоци на неограничени доцнења во критичните исплати. Речиси 50 милиони стари лица можат некое време да престанат да примаат чекови од социјалното осигурување, а милиони семејства кои се потпираат на месечните даночни олеснувања за деца можат да доживеат доцнење. Накратко, Америка не би можела да ги исполни своите обврски“, предупреди министерката.

Предупредувањето на Јелен следи по зголемениот притисок на демократите да гласаат за зголемување на горната граница на долгот пред да исчезне готовината за сервисирање на постоечките долгови на сојузната влада, во октомври годинава.

Републиканците во Конгресот, предводени од лидерот на малцинството во Сенатот, Мич Меконел, ветија дека нема да го поддржат подигнувањето на границата од, како што наведуваат, чувството за фискален конзерватизам.

Американскиот долг во август изесувал околу 28,4 билиони долари (значително повеќе од 100 отсто од бруто домашниот производ). Пресметката за горната граница на долгот следеше после одлуката на Конгресот во економијата да се вложат повеќе од билион долари во последните година и пол како одговор на економската криза предизвикана од пандемијата со корона вирус.

Републиканците и демократите моментно не можат да постигнат договор во врска со дополнително предложената потрошувачка.

Законодавците ќе мораат да усвојат итен привремен закон за финансирање до крајот на месецов како би го избегнале гаснењето на владата.

Оваа мерка, позната како „трајна резолуција“, ќе помогне да се избегне гаснењето на сојузната влада – сценарио кое Соединетите Американски Држави го доживеале десе пати од 1980 година – вклучувајќи и 35-дневно гаснење меѓу крајот на 2018 и почетокот на 2019 година под претседателство на Доналд Трамп.

Конгресот ја зголеми горната граница на американскиот долг отприлика за 80 пати од шеесетите години, при што сокјузниот долг брзо се приближи до 29 билиони долари, а вкупната обврска – која ги вклучува сојузниот долг плус другите јавни и приватни обврски, изнесува повеќе од 85 билиони долари, или четири пати повеќе од американскиот бруто домашен производ.