Албанија дозволи серолошки тестирања и во приватни установи

Министертвото за здравство и социјална заштита соопшти дека е усвоен протоколот за серолошки тестирања за присуство на антитела создадени од Сарс-Ков 2 и во приватните установи.

„Техничкиот комитет на експерти за справување со опасниот вирус го усвои протоколот со кој се дозволува серолошки тестирања и во приватни установи,но претходно тестовите мора да бидат проверени од страна на Институтот за јавно здравје,стои во соопштението.

Се додава дека ќе може да се користат само тестови одобрени од Националната агенција за лекови и медицински апарати во лаборатории лиценцирани и признати од Министерството за здравство и социјална заштита.

Во исто време министертвото ги инфрмира граѓаните дека не станува збор за тестирање кое потврдува дали лицето е активно на опасниот вирус, туку дали болеста ја прележало.

„Тестирањето за антитела покажува дали сте имале или не инфекција Сарс-КоВ-2, но овој тест не покажува и не треба да се користи за откривање на тековна инфекција.

Ќе бидат потребни 1-3 недели по инфекцијата за организмот да произведува антитела.

Овие резултати се важни за да се информираат луѓето кои можат да се квалификуваат како донатори на крвна плазма за лекување на други заболени од Ковид-19, објаснува Министерството.

Во меѓувреме во земјата расте бројот на новозаразени лица. Вчера беа регистрирани 102 новозаразени од тестирани 501 сомнителен случај, починаа четворица, оздравеле 50. Активни на болеста 1.631 лице.