Германскиот тенисер Александар Зверев е новиот шампион на турнирот во САД. Во големото финале, тој го совлада домашниот тенисер Бен Шелтон со 3:1 во сетови (6:3, 7:6, 5:7, 6:2).
Ова е прва гренд-слем титула за Германецот на „Флашинг Медоус“ и вкупно втора во неговата кариера.
Интересно е што до двете титули стигна оваа година, бидејќи неодамна триумфираше и на „Ролан Гарос“.
На тој начин, донекаде неочекувано, тој стана најуспешниот тенисер на грен-слем турнирите во 2026 година, бидејќи на „Австралија опен“ победи Карлос Алкараз, а на Вимблдон – Јаник Синер. Зверев заслужено освои нова грен-слем титула.
Во првиот сет тој направи два брејка – во првиот и во последниот гем – додека вториот сет го доби во тај-брејк.
Имено, вториот дел од играта помина без ниту еден одземен сервис, па логично дојде до тај-брејк, кој го доби Германецот.
Во третиот сет, Шелтон направи брејк во самата завршница, но не успеа да стори ништо повеќе од тоа.
Зверев ја покажа својата класа во четвртиот сет и ја освои титулата со уште два брејка.
Фото: принтскрин







