Лидерот на Демократската партија за интеграција Али Ахмети на граѓаните од католичка вероисповед им го честита Раѓањето Христово – Божиќ..
„Почитувани сограѓани, сонародници, браќа и сестри, примете ги нашите најискрени желби по повод големиот празник Божиќ. На овој ден на раѓањето и зајакнувањете на верата и надежта, посакувам да најдеме сила и моќ за градење мостови и патишта за подобра иднина за нас и за помладите генерации.
„Заедно со моето семејство и моите соработници, за секој од вас, за вашите семејства, Ви посакуваме просперитет, здравје и благосостојба, пишува во честитката на Ахмети.







