Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Алтмајер: Северна Македонија оствари голем економски напредок, но потребна е борба против корупцијата
Македонија

Алтмајер: Северна Македонија оствари голем економски напредок, но потребна е борба против корупцијата

јули 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Германскиот министер за економија Петер Алтмајер изјави дека Северна Македонија и Албанија имаат остварено напредок за да се приближат кон единствениот пазар на Европската Унија, но сепак, потребна е посилна борба против корупцијата и независно судство во двете земји.

– И покрај напредокот, се уште не се исполнети сите критериуми, за овие земји да бидат подготвени за членство во ЕУ, рече Алтмајер на конференцијатa за Западен Балкан што се одржува во полскиот град Познан.

Во однос на изјавите на одредени шефови на дипломатии на ЕУ дека не треба да се одложува почетокот на преговори на овие две земји со Унијата, Алтмајер рече дека не е негова работа како министер за економија да дава препораки за одлуки што се веќе донесени на ниво на шефови на држави или влади и ЕК како целина.

– Европската Унија мора да носи одлуки едногласно, токму тоа се очекува од нас. Како и да е, како министер за економија, сакам да видам стабилен економски развој во сите овие земји, без разлика на тоа кога и под кои услови ќе се случи пристапувањето во ЕУ, важно е да се обезбеди дека луѓето во овој регион имаат перспектива на скромно учество во економскиот раст, работни места и обуки, истакна Алтмајер.

За таа цел, додаде германскиот министер, работиме со овие земји, организиравме дигитален самит што доведе до склучување договор за роаминг, обучуваме средни претпријатија…

На прашањето дали Северна Македонија и Албанија економски се подобни за во ЕУ, Алтмајер рече дека ова прашање не може да се одговори со „да“ во сегашно време.

– Сепак, гледаме дека овие земји направија исклучителен напредок. Економиите во овие две земји достигнаа огромен и значаен напредок во изминатите години, со што се приближија кон европскиот единствен пазар, рече германскиот федерален министер.

Како што посочи Алтмајер во Познан, во земјите од Западен Балкан не е потребна толеранција, туку владеење на правото, независни судови и одлучна борба против корупцијата.

актуелно алтмајер економски напредок макеодонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.