Амазон за два дена направи 11 милијарди долари промет

„Прометот на Амазон во малопродажбата низ САД за време на 48-часовниот „Prime Day“ го надмина претходниот рекорд забележан за време на ланскиот „Кибер понеделник“.

Вкупниот промет во е-трговијата во понеделникот и вторникот во САД изнесуваше повеќе од 11 милијарди долари, што е за 6,1 отсто повеќе од „ Prime Day“ во октомври 2020 година, според индексот следен од „Adobe Analytics“, што опфаќа повеќе од илјадници милијарди онлајн посети на американските веб-страници за малопродажба и повеќе од 100 милиони артикли во 18 категории производи, јави телевизијата Си-Ен-Би-Си.

Онлајн продажбата на мало во понеделеникот, на првиот ден од „Prime Day“ беше 5,6 милијарди долари, и уште 5,4 милијарди долари вториот ден, се наведува во соопштението на „Adobe Analytics“.

За време на минатогодишната празнична шопинг сезона, за време на „Кибер понеделникот“, прометот изнесуваше околу 10,9 милијарди долари, што бешее рекорд во САД за еден ден во трошењето преку онлајн продажбата.