Амазон купува „мртви“ трговски центри

LinkSense.mk

Компанијата Амазон, која и сама влијаеше на пропаѓање на трговски центри во Соединетите Американски Држави, сега направи “полн круг“, откупувајќи ги пропаднатите и претворајќи ги во дистрибутивни центри за своето растечко царство со интернет трговија.

Телевизиската мрежа НБЦ вчера извести дека Амазон во текот на последните неколку месеци покренал купување на трговски центри.

Во март годинава малопродажниот гигант со седиште во Сиетл добил одобрување за претворање на 3,4 милиони квадратни метри голем трговски центар во Батон Руж (Луизијана) во дистрибутивен центар.

Минатиот месец, исто така, Амазон добил слично одобрување, трговски центар со големина од 220.000 квадратни метри во Ноксвил (Тенеси) претворил во дистрибутивен.

Овие деловни договори следеле по одлуката на локалниоѕ одбор за планирање во Ворчестер (Масачусетс) на Амазон да му дозволи да го пренамени градскиот трговски центар Гронфејл (Greendale) во дистрибутивен центар со површина од 121.000 квадратни метри.

Анализата на компанијата „Корсајд Рисрч“ (Coresight Research) открива дека меѓу 2016 и 2019 година Амазон пренаменил 25 трговски центри во дистрибутивни објекти.

Тоа темпо би требало да се забрза со оглед на забрзаната состојба во малопродажбата, која не само што се соочи со континуиран раст на интернет купувањето, туку што пандемијата со ковид-19 речиси ја десеткуваше.

Ова ги стави сопствениците на трговските центри во позиција да мораат да бараат начини да ги монетизираат средствата кои пропаѓаат со алармантна брзина.

Вол Стрит Журнал“ минатото лето извести дека Сајмон Проперти Груп (Simon Property Group), најголемиот сопственик на трговски центри во таа земја, е во преговори со Амазон да ги претвори своите стоковни куќи во дистрибутивни центри за интернет продажба. Тие разговори, наводно, биле водени за претворање на продавниците кои порано или моментно ги имаат „J.C. Penney“ и „Sears Holdings“, а двата бренда поднеле барање за заштита од банкрот и најавиле планови за затворање на десетина продавници низ САД.