„Амазон“ планира да вработи 5.000 работници во Германија

LinkSense.mk

Американската компанија за интернетска трговија „Амазон“ извести дека годинава планира во Германија да вработи нови пет илјади работници.

Со тоа вкупниот број на вработени во германската филијала на „Амазон“ ќе порасне за повеќе од 20 отсто, на 28.000, информираа од канцеларијата со седиште во Минхен.

Амазон“ бара работници за во дистрибутивните центри и Одделот за макетинг, финасии и истражувања, се наведува во соопштението.

Од фирмата не прецизираат колку точно работници требаат во секој од тие оддели.

Компанијата во Германија има четири истражувачки и развојни центри, во Аахем, Берлин, Дрезден и Тубинген.

Американскиот гигант за онлајн продажба го шири делувањето низ светот. На крајот на декември лани глобално вработуваше речиси 1,3 милиони луѓе.