Американски маринци ќе го „ослободуваат“ Суецкиот канал

Морнарицата на САД на Бликиот Исток планира утре да испрати група свои експерти во Суецкиот канал како би ја продолжиле доветодавната помош на локалните власти во обидот за ослободување на гигантскиоѕ товарен брод насукан од вторникот, потврдија американски официјални лица.

Администрацијата на претседателот Бајден со внимание ја следи состојбата. Им понудивме американска помош на египетските власти за повторно отварање на каналот. Се консултираме со нашите египетски партнери за тоа како можеме да ги поддржиме нивните напори за решавање на случајот“, рече портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, пренесува Си-Ен-Ен.

Американската телевизиска мрежа наведува и дека египетската влада се сложила да ја прифати понудата за помош која е проследена преку американската амбасада во Каиро.

Големиот товарен брод „Евер Гивен“ со должина од 400 метри и ширина 50 метри, после неочекуван удар од ветер, кој му го променил курсот, накосо се насука во Суетскиот канал, на место широко помалку од 300 метри, со што моментно е блокирана една од нафрекфентните артерии на светската економија.