Американците преку „дански кабли“ ја шпионирале Меркел

Американската Агенција за национална безбедност (НСА) го користела партнерството со Одделот на данската тајна служба за шпионирање на високи службени лица од соседните држави, вклучувајќи и ја и германската канцеларка Ангела Меркел, извести данската државна телевизија ДР.

Откритието е резултат на интерната истрага на данската разузнувачка служба од 2015 година за улогата на НСА во партнерството, објави ДР повикувајќи се на девет неименувани извори запознаени со истрагата.

Споре истрагата која ги опфаќала 2012 и 2014 година, НСА со помош на дански информатички кабли шпионирала политичари во Шведска, Норвешка, Франција и Германија, вклучувајќи ги и поранешниот германски министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер и поранешниот германски опозициски лидер Питер Штајнбрук.

На територијата на Данска, која е близок сојузник на Соединетите Американски Држави, има неколку клучни станици за подморски интернетски кабли од и до Шведска, Норвешка, Германија, Холандија и Велика Британија.

Интерната истрага во данската одбранбена разузнувачка служба е покрената во 2014 година заради загриженоста околу Едвард Сноуден и протекувањето информации од претходната година и во неа е откриено како дејствувала НСА, наведува ДР.

Во Вашингтон НСА веднаш не одговори на барањето за коментар во врска со овој случај, а од канцеларијата на директорот на Националната разузнувачка служба (ДНИ) одби да ја коментира истрагата. Ништо не кажа ниту портпаролот на данската разузнувачка служба.

„Гротескно е што пријателските разузнувачки служби навистина ги пресретнуваат и шпионираат водечките преставници на другите земји“, рече Штајнбрук за германската телевизија АРД. „Сметам дека тоа во политичка смисла е скандал“, додаде тој.

Шведскиот министер за одбрана, Питер Хилтквист, изјави за шведската мрежа СВТ дека за ова „бара потполни информации“. Норвешкиот министер за одбрана Франк Бејк Јенсен за телевизијата НРК истакна дека „обвиненијата мора сериозно да се сфатат“.

Одлуката од август минатата година, за суспензијата на шефот на данската разузнувачка служба и уште тројца службеници од нивните места после критиките за сериозни прекршоци од зависниот одбор кој го надгледувал Одделот, е фокусирана на истрагата од 2015 година, пренесува ДР.

Данската влада минатата година објави дека ќе покрене истрага за целиот случај на темелот на податоците од известувањата довиени од „свиркачи“. Се очекува дека истрагата ќе биде завршена до крајот на оваа година.