Америка отвара доверливи документи за „11 септември“

Американското министерство за правда повторно ќе отвори тајни владини документи за нападите на Ал Каеда на 11 септември 2001 година, со намера на јавноста да и пружи повеќе информации за тој случај.

Овој потег, кој во изјава од Белата куќа го поздрави и Џо Бајден, следи додека членови на семејствата на речиси 3.000 жртви на нападот од претседателот бараат конкретна акција.

Како што ветив во текот на својата кампања, мојата администрација заговара максимално ниво на транспарентност во рамки на законот и придржување на строгите насоки издадени во текот на управувањето на поранешниот претседател Обама“, рече Бајден во соопштението.

Непосредно пред одбележувањето на 20-годишнината од нападите, членови на семејствата на загинатите од Бајден побараа да ја симне ознаката за тајност на доверливите документи, кои, како што тврдат, ќе покажат дека челници од Саудиска Арабија ги поддржале нападите. Тие, заедно со преживеаните, во петокот објавија писмо во кое на Бајден му порачуваат да не ја крие вистината и дека, ако не ги отвори документите, да не планира да дојде на одбележување на годишнината од нападите.

Од заклучокот на Комисијата 9/11 од 2004 година, може да се види дека истрагата открила многу докази кои укажуваат дека функционери од саудиската влада ги поддржале нападите“, се наведува во писмото кое го потпишале 1.700 лица.

Низ различните администрации, Министерството за правда и ФБ настојуваат да ги сокријат тие информации и го спречуваат американскиот народ да ја случне целата вистина за нападите“, додаваат во писмото.

Саудиска Арабија негира дека има каква било улога во нападите.

Ќленови на семејствата на жртвите во нападите од 11 септември долго ги бараа документите од американската влада кои се однесуваат на тоа дали Саудиска Арабија помогнала или финансирала кое било лице од деветнаесетмината поврзани со Ал Каеда, кои ги изведоа разорните напади.

Го цениме тоа што претседателот Бајден одаде признание на нашите семејства додека бараме правда и одговорност од Кралството Саудиска Арабија“, рече Брет Иглсон, чиј татко Брус Иглсон беше убиен, во изјава за новинската агенција Ројтерс.

Но, за жал, веќе случнавме многу празни ветувања“, додаде тој.

Оперативци на Ал Каеда на 11 септември 2001 година соборија три патнички авиони во две кули од Светскиот трговски центар и зградата на Пентагон во Вашингтон. Четвртиот авион, за кој се верува дека требало да „заврши“ во Капитол хол, во зградата на американскиот конгрес, се сруши во поле во Пенсилванија.

Минатата година, американски судија од саудиската влада побара да сослуша 24 актуелни и поранешни функционери, вклучувајќи го и поранешниот амбасадор во САД, во процес кој го покренаа семејствата на жртвите, кои тврдат дека Саудиска Арабија им дала помош на напаѓачите.