Америка препорачува да не се патува во Израел, Франција, Тајланд…

Американскиот Центар за контрола и превенција од болести ги предупреди денеска своите граѓани да не патуваат во Израел, Франција, Тајланд, Исланд и неколку други земји заради се поголемиот број случаи со ковид-19 во тое држави.

Центарот ги додаде на највисоко ниво на опасност „Ниво 4: Многу високо ниво“, меѓу останатите, Израел, Западниот брег, Газа, Арубу и Француска Полинезија.

Американскиот Стејт департмент, исто така, издаде паралелна листа „Ниво 4: Не патувајте“ на која се советува нивните државјани да ги избегнуваат патувањата на Исланд и во Франција.

Центарот ги стави на листата „Ниво 3: Високо ниво“, Австрија, Хрватска, Салвадор, Азербејџан, Гуам, Кенија и Јамајка.

(Фото: ЕПА)