Америка ќе и помогне на Хрватска во модернизација на војската

LinkSense.mk

Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис изјави во Загреб дека Хрватска е „докажан американски сојузник“ и вети нивна помош во продолжението на модернизацијата на хрватската војска.

Матис, на состанокот со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, нагласи дека му претставува задоволство дека е повторно во државата која е „докажан американски сојузник и која има респектабилна војска“.

Матис ги пофали одлуките на хрватскиот државен врв за набавка на нова воена опрема и вети помош при следните чекори за модернизација на војската“, се наведува во соопштението на владата на Хрватска.

Во соопштението се додава и дека Пленкови изразил задоволство поради „одличните пријателски односи меѓу Хрватска и САД“.

Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, стигна во Загреб каде што со колегите од југоисточна Европа ќе разговара за приклучување на останатите регионални држави во НАТО. Тој во хрватската престолнина стигна после самитот на Алијансата во Брисел каде што „Америка ја потврди полната посветеност на Северноатланскиот сојуз, и покрај критиките на претседателот Доналд Трамп дека сојузниците не издвојуваат доволно за заедничка одбрана“.

Хрватското министерство оцени дека посетата на Матис на Загреб ги потврдува „одличните пријателски односи на двете држави со цел за унапредување на соработката“.

Денеска американскиот министер ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана од државите членки на Американско-јадранската спогодба.

Станува збор за регионална иницијатива која во 2003 ја покренаа САД, Хрватска, Албанија и Македонија, а во 2008 им се приклучија Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Целта на иницијативата е пружање на поддршка на евроатланските процеси во југоисточна Европа и што поскора интеграција на сите држави членки на иницијативата во НАТО.