Воената влада на Мјанмар ќе ослободи 7.012 затвореници по повод одбележување на Денот на независноста, објави денеска државниот канал МРТВ.
Јужноазиската земја се соочи со меѓународна изолација и западни санкции, откако војската ја собори демократски избраната премиерка Аунг Санг Су Чи и постави нејзини луѓе да управуваат со земјата.
„Сакам да им се заблагодарам на некои меѓународни и регионални организации, поединци и земји, кои имаа позитивна соработка со нас, среде притисоци, критики и напади.
Тесно соработуваме со Кина, Индија, Тајланд, Лаос и Бангладеш“, изјави началникот на Генералштабот, Мин Аунг Хлаинг.
Воената хунта е на власт во Мјанмар од 1 февруари 2021 година, кога Су Чи беше тргната од власт и затворена.
(Фото: ЕПА)






