Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анкетата на Стопанска комора: Девет од десет фирми не планираат целосно затворање, ниту отпуштање на работниците
Економија

Анкетата на Стопанска комора: Девет од десет фирми не планираат целосно затворање, ниту отпуштање на работниците

април 22, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Речиси половина или 48 отсто од фирмите нема да ги пратат работниците на принуден одмор, 19 проценти ќе ги пратат на принуден одмор, 19 отсто веќе ги пратиле на принуден одмор, а 13 проценти размислуваат за друга можност, покажува анкетата на Стопанската комора на Македонија спроведена од 7 до 14 април со цел анализа на последиците од коронавирусот.

„Во однос на прашањето за отпуштање на работниците, 86,2 отсто се изјаснија дека нема да ги отпуштат вработените, 13 проценти дека ќе ги
отпуштат, а само 0,8 отсто дека веќе ги отпуштиле. Ова потврдува дека
стопанствениците се свесни за важноста на работната сила, во која патем е и инвестирано за успешно натамошно работење на претпријатијата, а соодветно на тоа и за потребата колку што е можно повеќе да ги задржат работниците во редовен работен однос“, вели во видео-изјавата економскиот советник на Управниот одбор на Комората, Зоран Јовановски.

Според анкетата, во однос на финансиите, 44 отсто од фирмите немаат
проблеми со ликвидноста, додека 56 проценти, очекувано, имаат проблеми со ликвидноста.

Притоа, 65 отсто од фирмите имаат кредити за отплата, а 35 отсто немаат кредити за отплата.

Вкупно 81 отсто пријавиле одреден процент на откажување на договорените аранжмани или работа на претпријатието.

Притоа, 35 отсто пријавиле дека процентот на откажување на договорените аранжмани или работа е поголем од 50.

„И покрај проблемите со кои се соочуваат претпријатијата во однос на
производството, извозот, увозот, прометот и синџирот на добавувачи,
радува сознанието дека 71 отсто не размислуваат за затворање наж претпријатието, а дополнителни 21 процент размислуваат за затворање
само на еден дел од претпријатието. Ова може да се поврзе со фактот што дури 79 отсто од анкетираните претпријатија работат повеќе од 10 години на пазарот. Според анкетата, осум проценти би го затвориле претпријатието во целост“, посочува Јовановски.

Во анкетата, фирмите се изјасниле и која од економските мерки на Владата планираат да ја искористат.

„Најголем дел од анкетираните фирми, 30 отсто, планираат да ја користат мерката – 14.500 денари месечно по вработен за април и мај, за компании погодени од кризата или 50 отсто од трошоците за придонеси за секој вработен. За користење на мерката – задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор се изјасниле 26 отсто од претпријатијата. Мерката – одложување на кредитите кај банките и пролонгирање на отплатите, репрограмирање, грејс период, поповолна каматна стапка и слично, ќе ја користат 12 отсто од анкетираните претпријатија. Мерката – дополнителни бескаматни кредити за фирмите од нови осум милиони евра од Развојната банка на Северна Македонија ќе ја користат седум проценти од претпријатијата, а исто толку се изјаснија и за користење на мерката – 50 милиони евра евтини кредити од Развојната банка на Северна Македонија“, вели Јовановски.

Ова е втора анкета на Стопанската комора, по објавената минатиот месец, а вклучува одговори на компании што лани заедно имале вкупни приходи од 94,4 милијарди денари или 1,53 милијарди евра.

актуелно анкета Стопанска комора
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.