Министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција говореше за заштедата на електрична енергија во општините во Македонија.
Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините кои имаа препорака да штедат, покажуваат дека од 81 општина, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини се со заштеда поголема од 50 отсто, но има и општини кои потрошиле повеќе
„Шеснаесет општини не постигнаа заштеда од 15 отсто. Три од нив во октомври годинава имаат поголема потрошувачка споредено со октомври лани, а останатите 13 општини имаат намалена потрошувачка, но не го реализираа предвиденото“, посочи Бектеши.
Во Арачиново биле потрошени неверојатни 474 отсто повеќе струја од лани, во Лозово 12 отсто, а во Студеничани 11 отсто повеќе.