Лондонски Арсенал бара нов голгетер, а изборот е стеснет на двајца, Александро Лаказета и Антоан Марсијал.
Лион бара за Лаказета 65 милиони евра и не отстапува, додека менаџерот на „топчиите“ Арсен Венгер повеќе би сакал во своите редови да го види помладиот Марсијал, но сеуште не знае колкаво обештетување ќе побара Манчестер јунајтед.







