Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Арсовска: Во соработка со стопанството да се одреди начинот за избор на најповолна понуда за јавните набавки
Економија

Арсовска: Во соработка со стопанството да се одреди начинот за избор на најповолна понуда за јавните набавки

април 30, 2019Updated:април 30, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сериозен проблем ќе биде ако претставници на приватниот сектор не бидат консултирани при носењето на подзаконската регулатива за јавните набавки што се очекува до крајот на септември годинава, смета претседателот на Сојузот на топански комори (ССК), Данела Арсовска.

Во писмена изјава до медиумите, Арсовска потенцира дека се уште постојат слабостите што бизнис заедницата ги детектира како потенцијална опасност за нетранспарентна постапка и коруптивни зделки при спроведувањето на јавните набавки.

Според неа, за компаниите е неприфатлива делумно применлива регулатива со големи можности за злоупотреба. Неопходно е во соработка со стопанството прецизно да се одреди начинот на реализација на изборот на најповолна понуда. Квалитетот, пак, кој треба да биде основен критериум за јавните набавки, моментно е еден од најголемите предизвици во постапките.

Потребно е, потсетува Арсовска, да биде воспоставен систем на контрола што ќе овозможува поголема транспарентност не само на изборот на најповолна понуда, туку и врз реализацијата на договорите, дали тие се исполнуваат согласно тендерската документација и понудата, како и дали институциите навремено и согласно договорите ги подмируваат финансиските обврски. Единствено така ќе добиеме квалитетнo решениe кое ќе биде применливо во пракса со минимална можност за корупција и злоупотреби, ќе обезбеди лојална конкуренција на пазарот и еднаков третман за сите.

„Можностите за корупција поради вклученост на големи финансиски средства и директен контакт меѓу јавниот и приватен сектор се големи, а потребно е да се вложат сите напори тоа да се елиминира. Слабостите кои деловната заедница ги детектираше и кои се потенцијална опасност за нетранспарентна постапка со цел склучување коруптивни зделки при јавните набавки се уште постојат, бидејќи не беа интегрирани клучните барања на приватниот сектор во Законот за јавни набавки кој сега во својата нова форма повторно има значителни недостатоци, вели претседателката на ССК.

Уште пред носењето на законското решение се детектираа и посочија голем број слабости, особено за тоа на кој начин ќе се применува новиот модел, напоменува Арсовска и додава дека е направен сериозен пропуст зашто не се вклучени забелешките на деловната заедница во неговото изготвување.

„Се поставува прашањето кој ќе учествува во јавните набавки ако не компаниите, чии искуства институциите кои ги изготвуваат актите не ги вклучуваат за да се отстранат досегашните недостатоци, туку си ги кројат актите по своја мерка. До крајот на септември годинава, предвидено е да се донесат 18 подзаконски акти со кои ќе се допрецизираат низа битни прашања утврдени во законот, како на пример набавка од мала вредност, електронски пазар и каталог и слично. Според последните информации, надлежните институции веќе имаат донесено одредени подзаконски акти, а дел се во подготовка, укажува Арсовска.

Позитивна промена од старото законско решение, нагласува, е што во новиот Закон за јавни набавки од 1 април годинава се напушти концептот на најниска цена со прифаќање „економски најповолна понуда“.

„На почетокот на април, на последната од редовните консултативни средби на Сојузот со делегација на Европската комисија, а во присуство на компании од повеќе сектори на тема јавни набавки, беше детектирано што ќе произлезе како недостаток во пракса предизвикано од непрецизирање на регулативата. Eдно од барањата на деловната заедница беше, за спроведување на критериумите за избор на економски најповолна понуда да се изработат подзаконски акти за најважните индустрии поединечно, бидејќи има големи разлики во критериумите кои можат да се истакнат пример за јавна набавка во градежништвото или во трговијата како гранки кои имаат различни специфики. Беше истакната потребата од донесување правилници со упатства кои ќе укажуваат на специфични критериуми за секоја индустрија поединечно, за прецизирање и точно утврдување по кои услови ќе се избере економски најповолна понуда со што ќе се минимизираат можностите за слободно толкување и за злоупотреба, информира Арсовска.

арсовска избор најдобра понуда начини стопанство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ

ноември 5, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.