Арсовска ги собра потписите за кандидатурата за градоначалничка на Скопје

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, доцна вчеравечер на Фејсбук објави дека ги собрала потребните потписи за нејзината кандидатура.

Таа заблагодарувајќи им се на скопјани за потписите, побара поддршка од сите граѓани и партии и истакна дека влегува во оваа трка со чисто срце и јасна визија.

„Денешниот ден го завршуваме со собрани потписи за мојата кандидатура. Ви ветувам дека заедно ќе го направиме градот метропола со која ќе се гордееме. За Скопје од нас, за наше Скопје. Време е за брзи и ефикасни решенија за нашиот град, бидејќи сите сакаме да живееме во убав град“, вели Арсовска.

Секоја поддршка, посочи, е добредојдена.

„Само добар менаџер може да го спаси Скопје од сивилото. Доста ни е од приказни дека требаат години да се смени сегашната стагнација на градот. Потребни се луѓе кои се енергични, со искуство и со јасна визија каде оди градот. Доста е од големи неисполнети ветувања, секој проект се завршува навреме ако е реален и издржан. Затоа повторувам, за две години можни се проекти и тие ќе бидат остварени. Секој што работел со мене знае дека во секој проект давам 100 отсто од својата енергија за
да успее“, напиша Арсовска.