Арсовски: Нема нов договор и анекс на Договорот со Бугарија

„Да ги расчистиме сите дилеми–нема нов договор, нема нов анекс на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија“, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Душко Арсовски.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на македонскиот јазик, Арсовски појасни дека тој е точно заведен токму во овој Договор и додаде оти таму не постојат дилеми.

„Во однос на историјата, тоа е работа на Комисијата за историски прашања која според она што го гледаме деновиве ја интензивира работата“, рече владиниот портарол.