Артета: Тешко е да се врати самодовербата, самите сме виновни

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, по поразот од Брајтон изјави дека не е задоволен од пристапот на неговиот тим, како и дека „топџиите“ се соочуваат со тежок период.

Фудбалерите на Брајтон победија во 30-то коло од Премиер лигата на домашен терен по пресвртот против лондонски Арсенал со резултат 2:1 (0:0) и со тоа го нанесоа „топџиите“ и вториот пораз откако се вратија на теренот по паузата предизвикана од пандемијата од коронавирус.

„Секогаш по поразот, сакате што поскоро да се вратите на победничката патека. Мислам дека направивме многу работи против Брајтон со цел да победиме што е можно побрзо, но не се натпреварувавме онака како што бара Премиер лигата. Ние примивме гол, а потоа загубивме неколку важни дуели. Ние сме виновни за поразот. Сето тоа е поради наша вина. Кога губиш два натпревари по ред, најтешко е да им ја вратиш самодовербата на играчите и сите да станеме заедно. Мораме повторно да веруваме во она што го правиме“, вели Артета.

Арсенал сега е на деветтата позиција на табелата со 40 бода, шест помалку од Манчестер Јунајтед, кој е на местото што води во Лигата на Европа.

Ова беше втор пораз за екипата на Микел Артета, откако се врати на натпреварите по паузата поради пандемијата од коронавирус, откако во средата беа поразени од Манчестер Сити со убедливи 3-0.

Следниот противник на Арсенал ќе биде тимот на Саутемптон, со кој тимот од Лондон ќе играат во четврток.