Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека победата на неговата војска во Алепо ќе биде „огромен чекор“ кон завршувањето на петгодишната граѓанска војна во таа земја.
„Точно е дека Алепо ќе биде победа за нас, но да бидеме реални, таа не ќе значи и крај на војната во Сирија.
Меѓутоа, ќе биде тоа огромен чекор напред кон неговиот крај“, рече Асад во интервју за сирискиот дневник Ал Ватан.
Асад смета дека Алепо во потполност ќе го смени текот на борбите во цела Сирија.
Во тринеделната офанзива, сириската војска завзеде околу 80 проценти од источен Алепо, град кој беше целосно под контрола на бунтовничките групи од 2012 година.