Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » АТЕНТАТОТ НА ФИЦО КАКО ПОВОД: Ваков случај не се памети 21 година, од „Црниот март“ во Белград
Во Фокусот

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО КАКО ПОВОД: Ваков случај не се памети 21 година, од „Црниот март“ во Белград

мај 17, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан и тешко ранет во средата, со што стана последниот европски лидер кому му беше извршен атентат. Додека лекарите се борат за неговиот живот, тамошните медиуми откриваат дека во него стрелал словачкиот писател и активист Јурај Цинтула, кој, според снимките објавени после неговото апсење, рекол дека тоа го направил затоа што не се согласува со политиката на словачката влада.

Како што пренесува Ројтерс, иако обидите за атентат врз европските лидери биле релативно ретки во последните 50 години, бројни истакнати европски политичари биле мета на различни напади во последните децении. Во продолжение донесуваме некои од најпознатите случаи во историјата.

Ана Линд, 2003 година

Шведската министерка за надворешни работи и водечка социјалдемократска политичарка Ана Линд почина по напад со нож во стоковна куќа во центарот на Стокхолм. Инцидентот се случи во септември 2003 година, напаѓачот беше уапсен две недели подоцна и осуден на доживотен затвор. Доброволно го признал злосторството, подоцна објаснувајќи во интервјуа дека „тогаш чувствувал омраза кон сите политичари“, бил под дејство на опијати и дека е случајност што неговата жртва била Линд.

Зоран Ѓинѓиќ, 2003 година

Српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ беше убиен со истрели од снајперска пушка во атентат во март 2003 година во Белград, пред влезот на зградата на српската влада. Беше прозападен политичар, кого многумина го перципираа како човек кој требаше да го демократизира српското општество и да направи траен пресврт во однос на политиката на Слободан Милошевиќ. Неговите убијци се осудени на по 40 години затвор, а казната ја отслужуваат во специјалниот затвор во Пожаревац, познат како „Српски Алкатраз“.

Жак Ширак, 2002 година

Францускиот претседател, Жак Ширак, преживеа обид за атентат во јули 2002 година, откако напаѓачот кон него испука еден куршум, за време на парадата на војниците на Денот на падот на Бастилја, но го промаши.

Ден пред атентатот, сторителот оставил порака во која навел дека треба „да се гледа телевизија оваа недела, затоа што тој ќе биде ѕвезда“. Пукал во претседателската поворка од пушка скриена во куфер за гитара, но полицијата набрзо го уапсила, објаснувајќи дека неговото неискуство и недоволната подготвеност го направиле успешниот атентат малку веројатен. Подоцна, при претрес на неговата куќа, пронајден бил примерок од книгата „Мојата борба“ (Mein Kampf) од Адолф Хитлер, а тој бил поврзан и со екстремно десничарска група (Unite Radicale). Осуден е на десет години затвор за обид за убиство, но беше ослободен во 2009 година, откако одлежа само седум.

Пим Фортајн, 2002 година

Познатиот холандски политичар Пим Фортујн, кој беше со критичен став кон имиграцијата и исламот, беше убиен во мај 2002 година, само девет дена пред општите избори.Тој беше застрелан и убиен од активист за правата на животните и заштита на животната средина.Фортајн во неколку наврати го изразил својот страв дека ќе биде убиен.На судењето, неговиот напаѓач рече дека го убил за да го спречи да ги искористува муслиманите како „жртвени јарци“ и цели на слабите членови на општеството во потрагата по политичка моќ.Осуден е на 18 години затвор и пуштен на условна слобода во 2014 година, откако отслужи две третини од казната.

Волфганг Шојбле, 1990 година

Германскиот политичар Волфганг Шојбле остана парализиран од половината надолу и врзан за инвалидска количка откако беше застрелан три пати во 1990 година, за време на предизборната кампања во Опенау, само неколку дена после повторното обединување на Германија.

Ханс-Јохен Фогел, поранешен лидер на централно-левичарската Социјалдемократска партија, рече дека обидот за атентат го направил Шојбле огорчен човек. Со импресивна демонстрација на отпорност или инает, тој се врати на работа само три месеци подоцна, после тоа беше пратеник во германскиот парламент во следните 50 години, а почина минатата година.

Олоф Палме, 1986 година

Шведскиот социјалдемократски премиер, Улоф Палме, беше убиен во атентат на сред улица во центарот на Стокхолм, во 1986 година.

Си одел дома со сопругата после време поминато во кино, кога го погодил куршум кој му нанел фатални повреди. Едно лице беше осомничено и осудено во 1988 година, но на крајот беше ослободено по жалба. Неговиот убиец никогаш не беше идентификуван.

Маргарет Тачер, 1984 година

Британската премиерка Маргарет Тачер, позната како „Железната дама“, за влакно избегна голема експлозија во 1984 година во Брајтон, во хотелот „Гранд“ каде што престојуваше.Бомбата ја поставија членови на Привремената Ирска револуционерна армија (ИРА), затоа што членовите на британската Конзервативна партија се собраа во хотелот на партиска конференција.Во експлозијата што се случи околу три часот наутро загинаа пет лица, додека 34 беа ранети.Британската премиерка и нејзиниот сопруг биле во хотелската соба кога експлодирала бомбата.Подоцна на новинарите им кажа дека имале голема среќа што преживеале.Нејзините зборови одекнаа во застрашувачката порака од ИРА по нападот: „Денеска немавме среќа, но запомнете дека само еднаш треба да имаме среќа – вие мора секогаш“.

Папа Јован Павле II, 1981 година

Папата Јован Павле Втори беше застрелан на плоштадот Свети Петар во срцето на Ватикан, во мај 1981 година, додека со папамобилот минувал низ илјадници верници.

Иако бил погоден во стомакот и левата рака, сепак преживеа. Четири дена подоцна, после тешката операција, им се обрати на верниците со снимена порака, во која побара да се молат за напаѓачот, кого го нарече свој брат и му понуди искрена прошка. Неколку години подоцна, неговиот напаѓач побарал и добил помилување од италијанскиот претседател Карло Чампи.

Алдо Моро, 1978 година

Поранешниот премиер и претседател на италијанските демохристијани, Алдо Моро, беше киднапиран од припадници на крајно левичарската милитантна група „Црвени бригади“ во март 1978 година.

Напаѓачите отвориле оган од автоматско оружје, убиле двајца негови телохранители и тројца полицајци кои биле во друг автомобил, а потоа го киднапирале Моро. Во замена за негово пуштање побарале ослободување на затвореници. Два месеца подоцна, Моро е пронајден мртов во багажник на автомобил „рено“ во улицата „Каетана“, а италијанскиот суд осуди 32 членови на „Црвените бригади“ на доживотен затвор, заради нивната улога во киднапирањето и убиството на Моро, меѓу другите злосторства. Многу од фактите во врска со тој случај никогаш не биле во целост разјаснети, што доведе до изнедрување на бројни теории на заговор.

Луис Кареро Бланко, 1973 година

Шест месеци откако стана премиер на Шпанија во последните години пред смртта на диктаторот Франциско Франко, кому му беше „десна рака“, Луис Карера Бланко беше убиен од баскиската националистичка милитантна група ЕТА, во бомбашки напад во Мадрид.

Нападот се случи во близина на црквата Сан Франциско де Борха, каде што неговиот автомобил експлодира додека се враќал од дневна миса. Истрагата која ја спроведоа шпанските власти откри дека бил ископан подземен тунел, под улицата по која редовно патувал на миса, а бомбата била активирана додека по неа минувал неговиот автомобил. ЕТА ја презеде одговорноста за нападот, наведувајќи во соопштението до француските медиуми дека Кареро Бланко е убиен од три причини – помош во борбата против репресијата во Шпанија, одмазда за смртта на девет баскиски милитанти од страна на шпанската влада и заради елиминација на клучната, тешка фигура во таа влада.

актуелно Ана Линд атентат Зоран Ѓинѓиќ Роберт Фицо
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.