Атентат во Анкара: Рускиот амбасадор убиен на изложба

Амбасадорот на Русија во Анкара, Андреј Карлов, почина после атентатот за време на руска изложба во Анкара.

Според соопштението на турската телевизија, вооружениот напад на рускиот амбасадор е извршен за време на отварањето на изложбата на фотографии „Русија во очите на Турците“.

Вооружен човек му пукал на Карлов во грб, додека тој го завршувал говорот на отварањето на изложбата.

Полицијата го ликвидирала атентаторот.

Во нападот ранети се уште неколку лица.

Напаѓачот извикувал парола која се однесува на Алепо.

Карлов држел говор кога човек во црн костум и вратоврска извикал „Алах е голем“ и истрелал осум куршуми во рускиот амбасадор.

На местото на несреќата стигнал и министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу.

Руски официјални лица сметаат дека нападот е дело на радикални исламисти.

Нападот е извршен после повеќедневни протести во Турција поради улогата на Русија во Сирија.

ankara-2

ankara-4

ankara-5

ankara-6