Ауреску: Новата методологија да не биде оправдување за ново одлагање

– Министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреску, денеска порача дека новата методологија за пристапните преговори не смее да биде ново оправдување повторно да се одложи отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Ја поддржуваме одлуката за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија што е можно побргу. Ќе ја слушнеме презентацијата на Европската Комисија за ревидираната методологија, ќе разговараме за тоа, можеме да ја направиме оваа методологија поефикасна, но единствен услов е таа да не ги блокира или одложи
тековните процеси, посебно со Албанија и Северна Македонија изјави Ауреску.

Министрите за надворешни и европски работи на ЕУ денеска во Брисел ќе бидат брифирани од Европската Комисија за ревидираната методологија за преговарање и за реформскиот напредок во Албанија и Северна Македонија.