Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

„Чет-ГПТ“ е повторно достапен на „Ватсап“ во ЕУ

јули 16, 2026

АХВ: Потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози, заболени се над 2.700 животни

јули 16, 2026

Мерц: И натаму стојам зад предлогот за придружно членство на Украина и Западен Балкан во ЕУ

јули 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • „Чет-ГПТ“ е повторно достапен на „Ватсап“ во ЕУ
  • АХВ: Потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози, заболени се над 2.700 животни
  • Мерц: И натаму стојам зад предлогот за придружно членство на Украина и Западен Балкан во ЕУ
  • Левица: Не пропаднаа 4 милиони евра – ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони за политичка пропаганда
  • Најмалку 11 загинати во пожар во дом за деца без родители во предградие на Алжир
  • Експертски панел на ЕУ препорача ограничување на социјалните мрежи за деца под 13 години
  • Топло време во Македонија, за викендот уште потопло
  • Европа регистрираше 10 илјади дополнителни смртни случаи за време на топлотниот бран
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » АХВ: Потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози, заболени се над 2.700 животни
Градови

АХВ: Потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози, заболени се над 2.700 животни

јули 16, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека од почетокот на јули се потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози, со што вкупниот број жаришта во државата достигна 17.

Новите случаи се регистрирани во селото Саса (Македонска Каменица), Соколарци (Чешиново-Облешево), Бигла (Делчево), Малино и Косевица (Свети Николе) и Сопот (Куманово).

Од првото жариште, регистрирано кон крајот на јануари во селото Лопате, Кумановско, досега болеста е потврдена во 17 одгледувалишта, од кои 15 се фарми со овци, а две се одгледувалишта со овци и кози. Зафатени се повеќе од 2.700 животни.

АХВ информира дека, по обезбедување соодветни локации за закопување, ќе продолжи со депопулација на животните во новопотврдените жаришта во Македонска Каменица, Делчево и Свети Николе. Досега се усмртени повеќе од 1.400 животни, а вчера беше спроведена депопулација и во одгледувалиштето во селото Сопот, Кумановско.

Поради ширењето на болеста, Агенцијата одржа работна средба со здруженијата на одгледувачи на овци, на која беа презентирани актуелната епидемиолошка состојба, мерките за спречување на ширењето на болеста и биосигурносните препораки за сточарите.

Во сите заразени одгледувалишта се спроведуваат попис на животните, нивно уништување под официјален надзор, безбедно отстранување на мршите, храната, млекото, волната и останатиот потенцијално контаминиран материјал, како и темелна дезинфекција и епидемиолошко испитување.

Во сила остануваат и низа рестриктивни мерки, меѓу кои забрана за движење на овци и кози во заштитните зони, забрана за работа на добиточните пазари, како и забрана за одржување изложби и други настани со овци и кози на целата територија на државата.

Од АХВ апелираат сите одгледувачи строго да ги почитуваат биосигурносните мерки, да не внесуваат нови животни без претходен ветеринарен преглед и веднаш, најдоцна во рок од 24 часа, да пријават секој сомнителен случај или угинување кај животните.

Во меѓувреме, експертската група на АХВ одржа итен состанок на кој, покрај актуелната состојба во земјава и регионот, се разговарало и за можноста за воведување вакцинација како една од опциите за справување со болеста.

актуелно ахв жаришта заболени кози овци сипаници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

„Чет-ГПТ“ е повторно достапен на „Ватсап“ во ЕУ

јули 16, 2026

Мерц: И натаму стојам зад предлогот за придружно членство на Украина и Западен Балкан во ЕУ

јули 16, 2026

Левица: Не пропаднаа 4 милиони евра – ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони за политичка пропаганда

јули 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.