Ахмети не е за предвремени парламентарни избори

LinkSense.mk

„Предвремени парламентарни избори не се решение за моменталната политичка состојба во државата“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на прославата што ја организираше за добиената покана за членство во НАТО.

Тој истакна дека сите политички сили треба да изнајдат енергија за да се доближат ставовите за целите кои се јавно познати, а се за реализација на договорот со Грција.

„Македонија нема друга алтернатива освен членството во НАТО и почнувањето на преговорите со ЕУ што ќе ни обезбеди мир, стабилност и економски просперитет“, посочи првиот човек на „интегративците“.

Според него, во моментов меѓу партиите се води дијалог и има многу меѓусебни средби и разговорите, вели, засега се одвиваат во добар правец.

На свеченоста присуствуваа претседателот на Собранието, пратениците од ДУИ, претставниците на НАТО во Македонија, американскиот амбасадор Џес Бејли, претставници на дипломатски мисии во Скопје, поглаварот на Исламската верска заедница Рејс Улема Сулејман Реџепи и други.