Ајфеловата кула ќе биде отворена за посетители на 25 јуни со почитување на санитарните мерки, јави дописникот на МИА.
Од 25 јуни лифотвите нема да функционираат во текот на една недела, а само првиот и вториот кат ќе бидат достапни за посетители кои ќе може да дојдат до нив само со искачување на скалите.
Врвот на кулата ќе биде затворен до средината на јули.







