Грчките власти го ослободија од притвор пратеникот на екстремно десничарската партија Златна зора, Константинос Барбарусис, на кој ќе му се суди за повикување на државен удар во земјата. Тој треба да плати 30 илјади евра и забрането му е да ја напушти Грција.
Барбарусис беше уапсен во понеделникот, три дена откако во парламентот, за време на дебатата за грчко-македонскиот договор за името, повика војската да го уапси грчкото раководство.
Тој остро се противеше на владиното решавање на спорот, но подоцна ги повлече забелешките.
Доколку биде осуден, Барбарусис може да добие казна од над 20 години затвор.
Барбарусис е исфрлен и од партијата Златна зора.







