Фудбалерите на Барселона цела наредна сезона ќе играат надвор од својот стадион „Камп Ноу“ поради реновирање.
По завршувањето на работите, домот на каталонскиот гигант ќе може да прими 105.000 луѓе, а неодамна беше потпишан вреден договор со компанијата „Спотифај“, по кој ќе го носи името.
Во сезоната 2022/2023 избраниците на Чави ќе играат на „Можуик“, каде се одржаа Олимписките игри во 1992 година.