Бартол: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своето мислење

LinkSense.mk

Шефот на канцеларијата на НАТО во Скопје, морнаричкиот капетан Горазд Бартол во интервју за МИА изрази надеж дека следната година, кога Алијансата ќе одбележи 70 години од основањето, во седиштето на НАТО во Брисел ќе се вее и македонското знаме.

Тој говори за процесот на разговорите, кои и официјално почнаа кон крајот на месецот, откако земјата на самитот во Брисел доби покана за членство, појаснува дека терминот е пристапни разговори, а не преговори, дава оценка за подготвеноста на земјата да стане дел од Алијансата, ги појаснува придобивките што една земја ги добива кога станува дел од НАТО.

Словенечкиот капетан ја потенцира важноста од конечно решавање на спорот со грција за името, како главна препрека на нашите евроатлантски интеграции. Верува дека граѓаните во земјата ќе излезат и ќе гласаат позитивно на претстојниот референдум, нагласувајќи оти тие треба да ја искористат оваа историска прилика за земјата.