Бајден: Верувам дека сме победници на изборите, да бидеме трпеливи (видео)

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден, вели дека е уверен дека ќе победи на изборите, но дека за резултатите може да се почека некое време.

Тој ги повика луѓето да бидат „трпеливи“ и „да ја задржат верата“.

„Веруваме дека сме на добар пат да победиме на овие избори“, рече Бајден во говорот во неговата матична држава Делавер, кратко по полноќ (05.00 часот по Гринич).
„Се чувствуваме добро за тоа каде сме“, додаде тој.