Бајден во болница на рутински прегледи

LinkSense.mk

Американскиот претседател, Џо Бајден, стигна денеска во Медицинскиот центар „Волтер Рид“ за да го помине рутинскиот годишен преглед.

Додека трае колоноскопијата се ќе биде во рацете на потпретседателката Камала Харис. Харис е првата жена во Америка која е со претседателски овластувања.

Последните информации за здравјето на Бајден се појавија во декември 2019 година, од докторот кого тој го ангажираше, во случај да победи на изборите, да биде во Белата куќа.

Според тогашните наоди, Бајден, во тоа време 77-годишник, бил здрав, целосно подготвен успешно да ја извршува должноста претседател.

На Џо Бајден, кој утре полни 79 години денеска му стаса не баш пријатна „честитка“ од половина од населението на Соединетите Американски Држави. Анкетата која ја објави „Морнинг консалт“ покажува дека бирачите имаат „се повеќе сомнеж“ во здравјето на претседателот и неговата ментална способност.

Интересно е дека Бајден токму денеска го посети Медицинскиот центар „Волтер Рид“ за да изврши низ рутински прегледи. Многумина сметаат дека неговата администрација на овој потег се одлучила после објавувањето на резултатите од анкетата.

Дури 48 отсто од испитаниците велат дека Бајден не е „ментално способен“ за да биде претседател, додека 46 отсто смета дека е се во ред со него. Минатиот октомври гласачите мислеле дека е во форма, со разлика од 21 поени. Половина, односно 50 отсто Американци не се сложуваат дека Бајден е со добро здравје, додека 40 отсто велат дека е добар.

И по ова прашање се изразени партиски поделби, какви што се гледаат и во речиси секоја втора анкета во САД. Повеќе од две третини од демократите, 78 проценти, силно или до некаде се сложуваат дека Бајден е ментално способен. А, пак, 86 отсто републиканци се силно уверени во фактот дека тој не е за претседател. Загрижувачки знак за Белата куќа е тоа дека 47 отсто од независните се на констатацијата дека тој не е способен.