Претседателот Џо Бајден беше одведен од агенти на тајната служба откако еден автомобил удри во блискиот теренец кој беше дел од претседателската колона.
Претседателот и првата дама, Џил Бајден, излегуваа од својот изборен штаб во Вилмингтон, Делавер, во неделата околу 20 часот по вечерата на персоналот кога се случи судирот.
Џил Бајден им посака на новинарите „среќни празници“, а потоа се слушна силен тресок.

Бајден застана, погледна кон местото на несреќата и очигледно беше во шок.
Автомобилот, лимузина со таблички од Делавер, удрил во црн џип на американската тајна служба кој ја штител колоната автомобили на раскрсницата.
Возачот продолжил да вози до затворена раскрсница пред агентите да тргнат во акција и да го опколат возилото.
Вооружените агенти извадиле оружје и го впериле во возачот и му наредиле да ги крене рацете во воздух.

Името на возачот не е објавено, а претседателот и првата дама не се повредени.
Од Белата куќа се уште не се огласија за овој инцидент.
(Фото: Андреј Кабаљеро-Рејнолдс / АФП)







