Бајден има собрано повеќе од 135 милиони долари донации отколку Трамп

Кампањата за реизбор на претседателот на САД, Доналд Трамп и нејзините заеднички комитети собраа 247,8 милиони американски долари во септември, објави на Твитер директорот за комуникации Тим Муртау.

Напорите за собирање средства на Џо Бајден донесоа 383 милиони американски долари за истиот период – бројка за која се верува дека е рекордна за кој било претседателски кандидат. Со тоа, Бајден „води“ пред Трамп и во донациите за повеќе од 135 милиони долари.

Кампањата Трамп соопшти дека има готовина од 251,4 милиони долари, во споредба со Бајден од 432 милиони долари.