Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бајден и се обрати на нацијата за обидот за атентат врз Трамп: Во Америка нема место за ваков вид насилство
СВЕТ

Бајден и се обрати на нацијата за обидот за атентат врз Трамп: Во Америка нема место за ваков вид насилство

јули 15, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американскиот претседател Џо Бајден вечерва и се обрати на нацијата со најновите информации за обидот за атентат врз Доналд Трамп и за мерките што ги преземаат безбедносните служби.

– Благодарен сум што Трамп е добро и се опоравува. Разговарав со Доналд Трамп. Имавме краток и добар разговор. Навистина сум благодарен што Трамп е добро и се опоравува, рече Бајден во кусото обраќање.

Посочи дека во Америка нема место за ваков вид насилство, ниту за какво било насилство.

– Обидот за атентат е против сето она за кое се залагаме како народ, со сè. Не се работи за тоа кои сме ние како нација. Тоа не е Америка и не можеме да дозволиме да се случува. Единството е најтешката цел од сите, но ништо не е поважно од тоа, додаде Бајден.

Во врска со истрагата кажа дека мотивот засега е непознат и оти ФБИ трба да си ја заврши работата

– Сè уште немаме информации за мотивот на атентаторот. Знаеме кој е тој. Ги повикувам сите, ве молам немојте да правите претпоставки за неговите мотиви или врски. ФБИ нека ја работи својата работа. Наредив оваа истрага да биде темелна и брза, а истражителите ќе ги имаат сите ресурси што им се потребни за да го направат тоа, рече Бајден.

Кажа и дека наредил истрага за националната безбедност и оти е зголемено нивото на заштита на Доналд Трамп и обезбедувањето на утрешната конвенција на Републиканската партија во Милвоки..

– Трамп, како поранешен претседател и кандидат на Републиканската партија, веќе доби зголемено ниво на безбедност, а јас бев доследен на моите инструкции до Тајната служба да му ги дадам сите ресурси, способности и заштитни мерки неопходни за да се обезбеди неговата континуирана безбедност. Второ, му наредив на шефот на Тајната служба да ги разгледа сите безбедносни аранжмани за Републиканската национална конвенција, која е закажана за утре. И трето, наредив независна национална безбедносна истрага за вчерашниот митинг за да се процени што точно се случи, а резултатите од тој независен преглед ќе ги споделиме со американскиот народ, изјави Џо Бајден.

По неколкуминутната изјава, како што пренесуваат американските медиуми, тој ја напуштил просторијата без да одговора на новинарските прашања.

актуелно Америка Бајден насилства Трамп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.