Бајден најави задолжителна вакцинација против корона за сите големи фирми

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, изјави вчеравечер, дека сите вработени во компаниите со најмалку 100 работници ќе мораат да бидат вакцинирани или ќе се оди на редовни тестирања за ковид.

Белата куќа проценува дека оваа наредба ќе влијае на повеќе од 80 милиони работници во Америка.

Мојата претседателска работа е да ги заштитам сите Американци. Така што, вечерва ја информирам јавноста дека Министерството за труд развива итен закон со кој ќе бидат обврзани сите вработени во фирмите со најмалку 100 вработени да мораат да бидат потполно вакцинирани, или ќе мораат еднаш неделно да покажуваат дека се негативни на ковид тест“, изјави Бајден, додавајќи дека многу големи компании веќе го имаат воведено ова правило.

Тој истакна дека суштината е Америка да ги заштити вакцинираните работници од невакцинираните колеги.

Бајден, исто така, рече дека вакцинација ќе биде барана и од здравствените работници кои имаат едно од двата типа на осигурување, Медикер или Медикејд, како и за сите владини службеници и запослените по договор и уште некои категории.

Новата задолжителна вакцинација е дел од стратегијата на Белата куќа од шест чекори во борбата протиув делта видот на корона вирусот, стратегија во која е вклучено и давање на трета, бустер доза, со цел да се спречи зголемениот број на сличаи, хоспитализација и смрт од ковид.

Шесте чекори чинат вакцинирање на невакцинираните, засилена заштита на вакцинираните, држење на училиштата отворени и безбедни, зголемен број на тестови и носење маски, заштита на економското заздравување и зголемување на здравствената помош за лицата кои имаат ковид.

(Фото: АП)