Бајден потпиша закон од 1.200 милијарди долари

LinkSense.mk

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша денеска двопартиски закон за инфраструктура вреден 1,2 билиони долари.

Законот којшто го потпишав е доказ дека, и покрај циниците, демократите и републиканците можат да се сложат и да донесат резултати. Ние го можеме тоа. Ние можеме да им испорачаме вистински резултати на граѓаните“, изјави Бајден.

Тој додаде дека се превземаат историски чекори кон понова изградба на подобра нација.

Тука во Вашингтон, слушнавме безброј говори и ветувања и бели хартии од разноразни експерти. Но, денес конечно ја завршивме таа работа. Мојата порака кон Американците е следна – Америка е повторно во движење, во нов прогрес, а вашите животи ќе се сменат на подобро“, нагласи Бајден.

Во законот за инфраструктурни проекти се предлагаа вложувања за надоградба на автопатишта, други сообраќајници и мостови, како и за модернизација на системот за градски транзит и патнички железнички мрежи. Во планот влегоа и издвојувања за чиста енергија, чиста вода за пиење и брз интернет.

Американскиот Конгрес пред десет дена го одобри законот, а Бајден со својот потпис го претвори во законски акт.

 

 

 

 

(Фото: АП)