Бајден стигна во Европа, сака да се сретне со Ердоган

LinkSense.mk

Американскиот претседател Џо Бајден допатува во Европа, каде што покрај присуството на двата самита, во Рим и во Глазгов, сака да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и да се консултира со сојузниците за обнова на преговорите со Иран, најавија од Белата куќа.

Предвиден е состанок на Бајден со Ердоган во Глазгов, каде што следната недела ќе се одржи голем самит за климата, но сеуште не е потврдено, но во овој момент се предвидува“, рече советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Тој тоа го изјави во американскиот претседателски авион со кој Бајден патува за Рим каде што пред конференцијата за климата ЦОП26 ќе учествува на самитот на Г20 во сабота и во недела.

Ердоган неодамна се откажа од протерување на десетмина западни амбасадори, меѓу кои и американскиот. Односите меѓу двајцата претседатели се затегнати, посебно откако Анкара купи руски одбранбен систем иако е членка на НАТО.

Претседателот Бајден во сабота со сојузниците ќе има прилика да разговара за продолжување на преговорите за иранската нуклеарна програма“, рече Саливан и објасни дека целта на тој четиристран состанок е концентрирање на заедничка стратегија која, истакна, ја одбележува единството и солидарноста меѓу Американците и Европјаните.

Иран вчера изјави дека е подготвен да ги продолжи преговорите во ноември како би ја спасил својата нуклеарна програма после пет месечен прекин, што предизвика внимателна реакција на Запад кој е се понетрпелив.

Во недела во Рим американскиот претседател планира, покрај служената програма на Г20, да организира состанок за нарушениот синџир за снабдување на светско ниво.

 

 

(Фото: ЕПА)