Бајден ќе се кандидира за претседател и на следните избори

LinkSense.mk

Американскиот претседател Џо Бајден планира да се кандидира на претседателските избори во 2024 година, им изјави на новинарите портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Да, тоа е негова намера“, им кажа Псаки на новинарите.

Популарноста на Џо Бајден (79) се намали во последните месеци, заради што некои демократи се запрашаа дали тој ќе сака да се кандидира и на следните претседателски избори, наведува Ројтерс.

Според последната анкета на Универзитетот „Квинпик“, работата на претседателот Бајден ја поддржуваат само 36 отсто од Американците, што е најнизок процент до сега во испитувањата на јавното мислење за Бајден, наведува Си-Ен-Ен.

Најлошиот рејтинг на претходникот на Бајден, Доналд Трамп, изнесуваше 37 отсто во јануари 2019 година, според анкетата на „Галуп“, додека работата на Барак Обама најмалку Американци ја поддржаа во август 2011, нив 40 отсто.

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)